Брза-не здрава храна
Брза храна e термин за храната која што може да биде подготвена и сервирана за многу брзо време. Додека еден оброк со кратко време на подготовка може да се смета за брза храна, својствено терминот соодветствува на храна продадена во ресторан или во продавница, со состојки претходно загреани или претходно приготвени и на тој начин сервирани на купувачот во спакувана форма за носење. Терминот „брза храна“ (Fast Food) постои во речникот на Мериам Вебстер од 1951 година.
Продажните места на брза храна може да бидат на плажа или да се во вид на трафики, каде што може да нема обезбедено покрив над глава за купувачите, или пак места за седење.[1] Овде спаѓаат и рестораните за брза храна. Синџирите на ресторани стандардизираа прехранбени производи испорачани до секој ресторан од централните локации, што претставува брза храна.[2]
Брзата храна често се конзумира како замена за готвена домашна храна. Брзата храна е богата со мрснотии, шеќери, сол и калории.[3] Ако често се конзумира брза храна, може да се појават сериозни заболувања, како на пример, покачен холестерол.[4][5][6][7] Денес брзата храна најчесто е прозиведена со висок квалитет, односно на високо ниво со стандардизирани состојки и стандардизирани готвачки и производни методи. Најчесто се пакува во хартиена кутија или во пластична хартија за пакување, со што се намалува цената. Во најголем дел, брзата храна се подготвува од состојки кои се претходно подготвени, а потоа само се подгреваат, или се пржат во фритеза или пак се печат на скара. Овој процес обезбедува постојан квалитет на прозиводите, а воедно е клучен елемент при брзото подготвување и испорака на храната. Исто така, овој начин на подготовка го елиминираш трошокот за опрема.
Поради брзата подготовка, постојаните состојки и ниската цена, производите на брзата храна најчесто се направени од состојки со кои се постигнува одреден постојан вкус. Продавниците за брза храна им овозможуваат на потрошувачите да си ја земат храната со себе, а често таа услуга им овозможува да нарачаат и да ја подигнат храната без да излезат од своите автомобили. Денес, продавниците за брза храна имаат по неколку маси (надвор и внатре) каде може да се изеде храната на лице место.
Брзата храна станала популарна поради тоа што не бил потребен традиционален прибор за јадење. Најчесто, менито за брза храна вклучуваЧ риба и чипс, сендвичи, пити, хамбургери, пилешко, помфрит, пилешки прсти, такос, пица, хот дог и сладолед, a некои ресторани за брза храна нудат и чили, пире од компири и салати.
Брза храна може да се купи и на бензиските пумпи, кои најчесто продаваат спакувани сендвичи, крофни и друг вид храна.
„Уличната храна“ е достапна насекаде низ светот, и обично се продава од количка, тезга, скара или моторно возило. Во некои култури, типично за уличните продавачи е да ги извикуваат цените, да пеат или да пуштаат музика

Comments
Post a Comment